|
Mazda одлучи да го повлече од продажба спортското купе Rx-8 со четири врати и четири места за седење од пазарите во Европа, бидејќи неговиот Ванкел-мотор не го задоволува еколошкиот стандард Еuro 5.

Една ваква одлука не е лесна велат од Мazda уште повеќе ако се знае дека RX-8 остварува одлични продажни резултати со оглед на концептот на автомобилот и Ванкел-моторот што брмчи под хауба.
Сепак, модернизирањето на моторот на RX-8 за да може да ги задоволи нормите Euro 5 би чинело премногу и економски е неприфатливо. Затоа побезболна варијанта е да се повлече купето од европските пазари.
Проблемот ќе го реши новата генерација на Ванкел-моторот на Мazda која веќе се тестира и во лабораториите на развојното одделение на компанијата и во тестните мулиња на наследникот на RX-8 кој наверојатно ќе и се врати на легендарната ознака RX-7.
Од Мazda истакнуваат дека новиот Ванкел-мотор е далеку понапреден и почист. Тој не само што ќе ги задоволува нормите Euro 5 туку ќе ги задоволува и уште построгите норми Euro 6 кои стапуваат на сила дури во 2014.
Поради развојот на новиот Ванкел постои веројатност премиерата на новото купе RX-7 да биде одложена за една година. Па така најверојатно светот ќе може да ја види во живо реинкарнацијата на RX-7 кон крајот на 2012 или почетокот на 2013 на салонот во Женева.
|