Раководството на Mazda излезе со информација дека е донесена одлука во иднина да се претстават
поголем број на спортски модели кои ќе бидат носители на новиот имиџ на марката.
Предводник на плејадата на нови спортисти ќе биде новата
генерација на култниот спортски модел на Mazda кого го задвижуваше ванкелов
мотор RX-7. Со ова се потврдува најавата за RX-7 од пред неколку месеци.
Се чини молбите на љубителите на оваа автомобилска
егзотика конечно ќе бидат сослушани и легендарната Mazda RX-7 повторно
ќе заживее. Дека тоа е така лично потврди еден член од бордот на директори на
компанијата Икуо Маеда.
За уверувањето да биде поголемо Маеда истакна дека тој
сам ги направил првите цртежи на новото купе само со две места за седење
задвижувано од Ванкел мотор кој снагата ќе ја испраќа на задните тркала.
Маеда не само што го најавува RX-7, туку
кажува дека доколку се создадат поволни финансисики услови во текот на следната
година новата генерација на RX-7 ќе се појави на пазарот многу брзо.
Секако појавувањето на RX-7 не значи дека сегашниот
спортист на Mazda,
RX-8 кого исто така го задвижува ротационен агрегат и нуди
форма на купе со четири врати и четири места за седење, ќе падне во заборав.
Тој останува во производство и се очекува негова
модернизација. Целта како што велат од Mazda е проширување на понудата, не укинување на постоечки модели.
|