Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mazda има нов ван, но само за Јапонија
02.12.2011

Mazda на салонот во Токио претстави нов ван којшто претежно ќе биде наменет за домашниот пазар во Јапонија и за евентуално некои од помалите пазари во Азија како на пример Тајланд и Тајван.

mazda-biante-granz-1-2011-1

Името на концептот е Biante Granz и претставува модернизирана и полуксузна верзија на актуелниот Biante кого Mazda го пушти на пазарот во 2008 година, а минатата година од него претстави специјална серија Biante 20S за прослава на 90 годишнината на компанијата.

Biante Granz во кабината нуди осум места за седење заедно со возачот што е на границата за Б категорија на возачка дозвола. Комфорот е на завидно ниво во ванот долг 4.715 mm, широк 1.770 mm и висок 1.835 mm.

Движечката сила е 2.0 литарскиот бензинец чија моќност сеуште се држи во тајност, погонот е на предни тркала, а менувачот е автоматски и има пет степени на пренос.

За разлика од обичниот Biante, Biante Granz доаѓа со нов браник, помасивна  маска и нови леснометални бандажи. Измени во кабината нема освен побогатата опрема и мноштвото хромирани детали.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook