|
29.06.2009 |
Јапонскиот производител на автомобили, Mazda,
најави дека во иднина сите бензински мотори кои што ќе се вградуваат во нивните
модели ќе имаат директно вбризгување и ќе бидат позелени и поекономични.
Одогворните во Mazda, на една прес конференција во Берлин одржана по повод зачувување на
животната средина најавија дека новата генерација на Mazda 3 ќе го носи иновативниот систем кого во Mazda го нарекуваат i-Stop.
Се работи за познатиот систем стар/стоп кој го гаси
моторот при подолго стоење во место кога менувачот ќе се стави во лер и ќе се
отпушти спојката, а повторно го стартува моторот што возачот ќе притисне на
педалот од спојката.
Овој систем за првпат ќе се појави во Mazda 3 и според најавите заедно со состемот за директно вбризгување на горивото ќе
допринесе за 14% пониска потрошувачка во однос на претходникот.
Mazda пред себе има поставено агенда според која до 2015 ќе ја намали
потрошувачката на гориво на целата гама на автомобили за 30%. Заради
остварување на зацртаниот план Mazda има намера да ја модификува целата гама на мотори кои се вградуваат во
нивните модели.
А тоа значи дека сите мотори кои ќе се вградуваат во
автомобилите на Мazda, без оглед на зафатнината во иднина ќе имаа систем за директно вбризгување
на горивото и стар/стоп системот i-Stop.
|