Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mazda Kiyora концепт
14.10.2008
mazda-kiyora-koncept-1.jpgНајновиот концепт на Mazda прикажан на салонот во Париз е Kiyora чив дизајн е инспириран од природата. Поточно дизајнерите на Kiyora се средоточиле на водата како тема за дизајн.

Ниту името на концептот на Мazda не и избрано случајно. Kiyora преведено од јапонски значи „чисто и бистро” и креаторите објаснуваат дека Kiyora всушност претставува хармонија меѓу задоволството при возење, безбедното и зачувувањето на животната средина.

Kiyora e малечок автомобил кој во должина мери 3.770 mm, но сепак нуди место за четири патници. И покрај малите димензии каросеријата и шасијата се изработени од карбон-фибер.

Со него се штеди на тежина и следствено Kiyora станува штедлив и еколошки градски автомобил задвижуван од ултра ефикасен бензински мотор и совршено ја прикажува мобилната иднина.

Гледано од профил дизајнот на Kiyora потсетува на капка вода исто како и големите странични стаклени површини. Нискиот кров и накосениот преден дел кој како да e излиен во една површина без пресеци помагаат во смалување на отпорот на воздух.

Ова е комбинирано со стилизираниот спојлер на кровот и извајаниот заден дел чија форма е постигната во воздушен тунел. Сето ова условило Kiyora да има коефициент на отпор на воздух кој е за 10% понизок од оној на актуелната Mazda 2.

Ултра ефикасниот бензински четирицилиндарец има зафатнина од 1.3 литри се напојува преку најнова генерација на систем за директно вбризгување, а во штедењето дополнително му помага и системот стар/стоп и новиот шест степен автоматски менувач преку кого снагата се испраќа до предните тркала.

Подобреното директно вбризгување и ново дизајнираните комори за согорување во главата од моторот овозможуваат попрецизна контрола врз согорувањето со што се зголемуваат перформансите, се намалуваат загубите на енергија и драстично се намалува потрошувачката.

Сепак, вредностите за потрошувачката не се изнесени, а акцентот е ставен на емисијата на на СО2 која мери помалку од 90 g/km што е навистина импресивно за автомобил кој нема наставка хибрид во името.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook