|
06.12.2011 |
|
Од Mazda откриваат дека новата, четврта по ред генерација на најпродаваниот родстер на планетата MX-5 ќе носи мал бензинец со турбо натполнење кој припаѓа на генерацијата SkyActiv.

Станува збор за 1.3 литарски четирицилиндарец кој покрај турбо полнач ќе има и директно вшприцување на горивото. Моќноста повторно ќе се испраќа кон задните тркала преку олеснет шест степен мануелен менувач.
Јапонските инженери драстично ја олеснуваат и шасијата која треба да го претвори MX-5 во најлесниот родстер во историјата на Mazda, а во него ќе поставуваат и автоматик за оние кои не сакаат да менуваат.
Тежината на новата Mazda MX-5 ќе се движи околу 850 килограми, што е за повеќе од 100 килограми помалку од оригиналниот MX-5 кој се појави на пазарот во 1989 година и тежеше 955 килограми.
Новата генерација ќе се појави на пазарот во 2014 година, а до тогаш Mazda го дава идејниот цртеж за тоа како би личел новиот родстер.
|