Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mazda оди во зелена револуција
26.03.2010

Јапонскиот производител Mazda објави дека стартува со така наречена зелена револуција со која планира драстично намалување на емисиите на издувни гасови посебно на вредностите на јаглероден диоксид.

mazda-6-wagon-2010-1

Инженерите на Мazda наведуваат дека во просек нивото на јаглероден диоксид што ќе го испуштаат најпопуларните модели на марката Mazda 3 и Mazda 6 ќе се симне под 120 g/km CO2.

Сето ова нема да се случи преку ноќ. Проектот треба да заврши во 2015 кога најчистите верзии на Mazda 3 и Mazda 6 ќе имат емисија на СО2 помала од 100 g/km.

Доколку навистина им успее на инженерите на Mazda тоа значи дека марката ќе ја спушти емисијата на CO2 кај своите модели за 30%. Воедно за иста процентуална вредност ќе биде намалена и потрошувачката.

Во срцето на ниската потрошувачка и ниската емисија на СО2 лежи новата технологија на Mazda наречена Skytech која што се однесува на нивните мотори, за што веќе пишувавме.

Новите Skytech мотори комплетно изработени од алуминиумска легура ќе бидат полесни, побрзо ќе се загреваат, ќе имаат ново развиена електронска програма за менаџмент и ќе бидат опремени со системот i-stop на Mazda кој всушност е еквивалент на вообичаените системи Start/Stop од останатите производители.

Новите мотори ќе бидат спарени со нова менувачка кутија со шест степени на пренос. Се работи за автоматски менувач кој благодарение на намалувањето на внатрешните отпори, тежината и подобрувањето на управувачката електроника само по себе овозможува заштеда на гориво и пониска емисија на СО2 за 5%.

Во Mazda работат на симнување на тежината и на други компоненти што на крај треба да услови со намалување на тежината на новата генерација на Mazda 3 и на Mazda 6 за 100 kg по модел.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook