Многу, многу време помина откако згасна производството на
Mazda RX-7. За љубителите на ова купе со ванкел моделот RX-8 не е
исполнувач на соништата и тие со нетрпение го чекаат наследникот.
Иако наоколу се свртуваат безброј информации и разни
компјутерски генерирани фотографии за можниот изглед на RX-7, до
сега за купето од Mazda
не пуштаа ниту глас. Но и тоа може да се смени.
Се чини дека најновата информација за реинкарнација на Mazda RX-7 не е само предизвикување на јавноста. Голем број од јапонските магазини за
автомобили пишуваат дека на претстојниот салон во Токио, Mazda, конечно
ќе го претстави новиот RX-7.
Според нив под хаубата на RX-7 ќе работи нова
генерација на Ванкел мотор со зафатнина од 1.6 литри, а претставениот концепт
ќе влезе во сериско производство кон крајот на 2010.
И додека останатите производители кренаа раце од
концептот Ванкел, Mazda
упорно продолжи да го развива. Најголемиот недостаток на
ванкелот нискиот вртежен момент при висок број на вртежи критикуван и кај RX-8, за
во RX-7 ќе биде отстранет.
Ако може да му се верува на јапонскиот магазин за
автомобили Best
Car новата Mazda
RX-7 ќе личи како на фотографијата. И доколку овој
компјутерски генериран дизајн соодејствува со реалниот концепт на RX-7 јасно
е дека автомобилот ќе биде шик со предница која наликува на разјапена челуст на
ајкула.
Дали во целата оваа работа има вистина, или пак, повторно
се работи за шпекулација ќе дознаеме за неколку месеци на отворањето на салонот
во Токио.
|