|
30.05.2007 |
Инженерите на јапонската марка повторно газат со
пионерски чекори. Тврдат дека успеале да направат пластика користејќи исклучиво
биоразградиви состојќи добиени од растенија.
Новата биопластика која се добива од растенија е потполно
ослободена од јаглерод и е со доволно добар квалитет за да може да се користи
за изработка на интеријерот во автомобилите.
Материјалот е направен од скроб и шекери кои се наоѓаат
во растенијата. Причина зошто е ослободен од јаглерод и згора на тоа за негово
производство се користи 30 проценти помалку енергија отколку за
конвенционалната пластика која е базирана врз нафта.
Поголемата цврстина на биопластиката воедно значи дека се
потребни помали количества за исти делови и дека материјалот сам по себе е
биоразградлив, што дополнително ја нагласува наклонетоста кон животната
средина.
Mazda ќе ја користи биопластиката за изработка на панели за
врати, фиоки и делови од арматурата.
|