Get Adobe Flash player
Mazda Taiki концепт со нова генерација на ванкел
02.10.2007
mazda-taiki-1Еден од најинтересните концепти што сме ги виделе што туку е претставен пред отворањето на салонот во Токио. Новиот концепт со органска форма е наречен Mаzda Taiki.

Ова е последниот од низата органски концепти на Mazda вклучувајќи ги претходните Nagare, Ryuga и Hazake. Taiki поседува технологија од реалноста иако станува збор за концепт.

Една од новите технологии е следната генерација на ротациски моторт ванкел и подобрување на аеродинамиката за која се претпоставувадека ќе биде водилка за дизајнот на идните генерации на спортски автомобили на Mazda.

Поставен напред е новиот Renesis ротациски мотор крстен со интересно име 16Х. Двокоморниот мотор ја испраќа моќноста до задните тркала.

Моторот има зафатнина од два пати по 800сс, а новата конструкција му помага да го подигне степенот на искористливост и вртежниот момент во сите режими на вртење.

Новиот систем за директно вбризгување и новиот блок целосно иработен од алуминиум ќе помогнат за намалување на потрошувачката.

Овој концепт е вистинско добредојде. Одлично е што Mazda конечно направи вистински концепт место досегашните пред продукциски најави. Иако сме сигурни дека Taiki никогаш нема да влезе во серија веруваме дека ќе ги оплеменува халите на автомобилските салони секаде каде што ќе се појави.

mazda-taiki-2mazda-taiki-3

 

 

 

Facebook