citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Mazda3 MPS пред премиерата во Женева
02.03.2009
mazda-3-mps-1.jpgОткако Mazda ги претстави наследниците на својата популарна Тројка, седанот и хечбекот минатата година, љубителите со нетрпение го чекаа врвниот модел, спортистот MPS.

Конечно и нему му дојде ред. Најавен за да дебитира на салонот во Женева, Mazda во моментов отркива неколку поситни детали, додека целосната спецификација се очекува да биде обелоденета на премиерата.

Она што се знае е дека под хаубата ќе работи познатиот 2.3 литарски турбо бензинец со четири цилиндри како и кај претходникот. Но, затоа моќноста е подигната на 268 коњски сили, што многумина ќе се сложат е бројка за респект.

Според извор кој доаѓа од компанијата погонаот на четири тркала отпаѓа како варијанта. Mazda3 MPS го задржува погонот на предни тркала и ќе ја користи ново конструираната предна оска RevoKnuckle оригинално создадена за Ford Focus RS.

Деталите кои ја разликуваат Mazda3 MPS од обичната Mazda3 е големиот отвор за воздух на врвот од хаубата, предимензионираните отвори за воздух, дифузорот во задниот браник, две дебели издувни цевки, голем заден спојлер и масивни странични завеси.

Перформансите и цената сеуште се држат во тајност, затоа се знее дека продажбата стартува некаде во април.


 

 

 

Facebook