Мажите добиваат подобра зделка во автосалон од жените,
докажа истражувањето на What a Car и на интернет страницата наменета за
помош на жените при купување на автомобил evecars.com.
Според истражувањето во просек вообичаениот купувач од
машки пол е способен да обезбеди попуст од 800 евра повеќе отколку неговиот
женски противник.
Мажи и жени кои учествуваа во истражувањето преправени
како обични купувачи били испратени во салоните низ Велика Британија, користејќи
иста приказна при купување на исти автомобили.
Задачата била да се обезбеди најголем можен попуст за пет
автомобили: Audi A4, Ford Focus, Honda CR-V, Renault Clio и Opel
Zafira. Мажите направиле подобра зделка во 55 проценти од случаите, а жените во само
20 проценти.
„Шокирани сме од фактот дека полот влијае врз понудата за
попуст во автосалоните. Се чини дека дилерите гледаат во жената лесен плен и не
чувствуваат потреба да понудат толку ниски цени како што би го направиле тоа
кога маж би застанал пред нив,” изјави уредникот на What a Car.
„Релативно лесно е да се изнуди попуст доколку добро се
подготвите пред да тргнете во купување. Во просек можете да заштедите 2.000
евра на нов автомобил, па дури и повеќе.”
Ова покажува колку е важно да се направи истражување пред
да се влезе во салон и да се биде храбар во изнудувањето на подобра цена од
дилерот.
Доколку не сте добри во ценкање обратете се до некого што
ќе знае бескрупулозно да ја постигне цената што сте подготвени да ја платите.
|