Get Adobe Flash player
Megane CC под маска
14.12.2009

Новата генерација на купе-кабриолетот направен на основата на актуелниот Megane се подготвува да ја пресретне претстоечката сезона кога отворените автомобили ќе бидат главен хит.

renault-megane-cc-2010-1

Инженерите на Renault тестираат на големо некаде во Скандинавија каде зимата почна одамна, а ловците на автомобили за првпат успеаја да направат јасни фотографии за новата генерација на Megane CC.

Без оглед на масивна камуфлажа може да се забележи дека Megane CC е во завршна фаза на развој и дека го задржува препознатливиот стил на останатите модели на Megane.

Од напред јасно се забележуваат светлата и предната маска кои се идентични како кај хечбекот со пет врати, а слична е и оптиката на задните светла кои заради различниот задник би требало да имаат поинаков облик исто како кај прртходникот.

Набабрениот и издолжен задник е нужен додаток заради сместување на масивниот метален склоплив кров и воедно обезбедување доволно простор во кабината за превоз на четири патници.

Кога ќе пристигне на пролет Megane CC ќе го надополни семејството кое покрај хечбекот со пет врати и купето со три врати сега имаат и комби верзија и спортска верзија која доаѓа од лабораториите на Renault Sport.

Цената според најавите од Renault во Европа би требало да стартува од малку над 20.000 евра.

 

 

 

Facebook