Француското
списание за мотоспорт „Echappement” го прогласи Mеgane F1 Team R26 за победник во најпожелната
категорија Sportive de l’année, односно Најспортски
модел на годината за 2007.
Ова е петти пат Renault да ја добие оваа високо рангирана пофалба.
Претходни пробедници или добитници се Renault 5 GT Turbo во 1985, Clio 16S во
1991, Spider Renault Sport во 1996 и Clio Renault Sport вo 2000 година.
Renault во моментот е единствениот производител кој
има најголем број на титули од Најспортски модел на годината од самото
преставувањето на наградите од страна на списанието Echappement во 1982 година.
Развиен од Renault Sport Technologies, Mеgane F1 Team R26 е
најспортскиот член на фамилијата, Mеgane Renault Sport. Читателите на
списанието кои го изгласаа најспортскиот модел за 2007 година, исто така, ги
испратија своите гласови избирајќи 10 модели од листа на автомобили кои излегоа
во текот на годината.
За време на тестирањето, група на судии имаа
пристап до моделите кои беа во конкуренција за наградата Најспортски модел на
годината. Рели возачот Брајан Буфие зема учество со своето искуство,
доведувајќи ги моделите до нивниот максимум. Целта на наградата и процедурата
при тестирањето е да се одвои автомобил кој е најприкладен да биде Најспортски
модел на годината.
Кога беше завршено гласањето, Mеgane F1 Team R26 освои 83 поени, пред Peugeot 207 RC кој освои 72
поени и BMW M3 со 69. Clio F1 Team R27 беше рангиран на петото место, пред многу
помоќни автомобили.
Финалната листа
1. Rеnault Mеgane F1 Team R26
2. Peugeot 207 RC
3. BMW M3
4. Lotus Europa S
5. Renault Clio F1 Team R27
6. Audi S3
7. Honda Civic Type-R
8. Mazda3 MPS
9. VW Golf GTI Edition 30
10. Opel Corsa OPC
|