|
Во лабораториите на производителот од Штудгарт забрзано се работи на развој на нова автоматска менувачка кутија која има 9 степени на пренос вели инженер од развојното одделение на компанијата.

Според наводите инженерското одделение на Mercedes го подготвува овој нов автоматски менувач за вградување во моделите што ќе носат најмоќни мотори за да ја подобри нивната ефикасност.
Со новиот менувач моќниците со сребрена ѕвезда на носот драстично ќе го подобрат начинот на кој снагата се пренесува до погонските тркала, ќе ја намалат потрошувачката за неколку десетина проценти и соодветно ќе ја намалат емисијата на СО2.
Инженерите од Mercedes воедно уверуваат дека ова е максималниот број на степени на пренос и дека конструирањето на менувачи со преку 9 преносни односи е малку вероатно дека ќе се оствари.
Не затоа што тоа неможе да се направи објаснуваат од Mercedes туку затоа што за сегашните мотори 9 степени на пренос е техничкиот максимум што има економско оправдување.
Се преку тоа е залудно фрлање пари без соодветен ефект. Воедно, додаваат инженерите на Mercedes, 9 степени е и максималниот број на преносни односи со кои денес возачите можат да се справат.
Значи трката застанува кај бројот 9. Или?
|