Спортскиот менувач со две спојки на Mitsubishi,
Sport Shift Transmission SST е првиот високо преформансен менувач кој сериски се
вградува во автомобили од пониска ценовна категорија.
По вградувањето во спортскиот модел Lancer
Evolution X во Mitsubishi одлучија својот одличен менувач SST да го
вградат и во својот SUV Outlander. Ова е првпат еден менувач со две
спојки да биде вграден во SUV, што претставува комплетно рушење на убедувањата дека во
овој тип на возила уште долго ќе превладуваат класичните автоматски менувачи
чии принцип на работа се заснова на хидродинамички претворувач на вртежниопт
момент.
Предностите на менувачите со две спојки во однос на
класичните мануелни и автоматски менувачи се бројни и нашироко познати.
Неверојанто брзо менување на степените, течна испорака на снагата и висок
степен на ефикасност со многу мали механички губитоци.
Шест степениот SST на Mitsubishi како и
сите менувачи со две спојки нуди можност за избор за автоматско или мануелно
менување на степените, а како дополнување и малиот прекинувач за одбир на еден
од двата модуси на работа Normal и Sport.
Степените се избираат/менуваат преку вообичаено
поставената рачка од менувачот или со помош на двете палки од магнезиум
сместени зад воланот. Во Outlander овој менувач има вграден систем за помош при поаѓање на
нагорница или Hill Start Assist кој моментално го
задржува притисокот во сопирачките додека не се притисне педалот за гас.
Според најавата на одговорните во Mitsubishi наскоро
треба да се очекува SST да се појави и во други модели од гамата, а фокусот ќе
биде ставен врз дизелите со што ќе се постигне уште поголема заштеда на гориво и
подобрување на перформансите.
|