Get Adobe Flash player

bmw-m-135i-1-2012-1
Три врати за новата BMW Серија 1

BMW ја претстави Серија 1 со три врати и ја зголеми гамата за уште два модели 114i и спортскиот М 135i

 
Get Adobe Flash player
Mercedes B Класа фејслифт
17.03.2008
mercedes-klasa-b-fejslift-1.jpgОдговорните во Штудгарт се одлучија да направат благ редизајн на Класа В и да ја освежат по само три години постоење на пазарот давајќи и свеж лик, но и поефикасни мотори.

Всушност целта на инженерите во Mercedes беше намалување на потрошувачката, а за овие измени соодветно да се одбележет беше потребен и благ фејслифт.

Измените во дизајнот исто како и кај ML се сведуваат на нови предни светла, редизајнирана предна маска и поагресивен преден браник. Сменети се надворешните ретровизори, рачките на вратите, страничните завеси сега се во боја на автомобилот, а нови се и задните светла и задниот браник. Внатре има нови материјали и нова опција за преслечување на седиштата со кожа Artico faux.

Сепак, како што напоменавме главниот фокус е ставен на подобрување на економичноста кај моторите кои сега трошат 7 проценти помалку гориво. Станува збор за истата понуда од шест мотори. Четири бензинци со моќност од 95 до 193 коњски сили и два дизели CDI со моќност од 109 и од 140 коњски сили.

Како дополнување е новиот старт/стоп систем наречен ECO, новиот модел flex-fuel кој работи на бензин или на компримиран природен гас CNG и е означен како B170 NGT, a како новина се придружува и асистентот при паркирање.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook