Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes-Benz Nebula Concept
24.01.2012

Nebula е возило за во блиската иднина кое спојува моќ и елеганција. Возило кое ве издвојува и ве врзува. Со својата уникатност и перфекција Nabula го открива карaктерот и целта на сопственикот.

mercedes-nebula-concept-1-2012-1

Даниел Димовски, победникот на конкурсот „Mercedes-Benz дизајн на иднината” кого го организираше застапникот на Mercedes во Македонија, MakAutoStar, ја објаснува својата креација:

„Целта беше да создадам возило кое ќе има безвременски стил. Природата е таа која го овозможува тоа, па затоа инспирацијата ми беше таа. Пустината и синиот кит. Песокот во пустините е обликуван од движењето и пробивањето на ветрот низ него при што се формира високо аеродинамична форма. Синиот кит, пак, е дизајниран од самата природа, неговата кожа и облик се дизајнирани така за да имаат најмало триење со водата со што се овозможува мазно и лесно движење низ неа.”

mercedes-nebula-concept-2-2012-1

„Предницата покажува моќ и озбилност на возилото. Најпрво, на предницата доаѓа до израз традиционалната маска на Mercedes – Benz со лик на стрела. Направена е од мазна, сјајна пластика со линии од инспиративните пустина и кит кои го сечат и насочуваат  ветрот во каналите за воздух кои се позиционирани на страните на маската. Предните светла од светлеки диоди кои се наоѓаат под  хаубата се дизајнирани така за да направат лут и моќен изглед.”

„Гледајќи од страна до израз доаѓаат големите и силно нагласени отвори за тркалата и строгите линии кои ги дефинираат елегантните мускули на возилото. Страничните столбови за заштита се сокриени под стакло кое му дава спортски дизајн на возилото. Вратите инспирирани од иконата Mercedes-Benz 300 SL Gullwing ја додефинираат спортската силуета. Задницата ја дава елегантноста и возрасниот изглед што е типично за еден Mercedes.”

mercedes-nebula-concept-3-2012-1

„Mercedes-Benz Nеbula Concept е идеја за развој на дизајн на иднината за Mercedes-Benz.”

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook