citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Mercedes C63 AMG: гризач на асфалт
05.07.2007
amg-grizac-na-asfaltПрвите официјални фотографии на високо перформансниот модел на Mercedes, C63 AMG се објавени прикажувајќи го новиот моќен седан кој трга во битка со BMW M3 и Audi RS4.

Малечкото од Mercedes под хауба го носи познатиот рачно изработен 6.2 литарски V8 од AMG кој за оваа прилика е собран на 457 КС наспроти 507 КС со кои располага во Е63, но сеуште со своите перформанси  отскокнува од најблиските ривали.

Максималниот вртежен момент изнесува здрави 600 Nm со повеќе од 500 Nm расположиви од 2.000 па се до 6.250 врт/мин. Спринтот до 100 km/h с скратен на 4,5 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h.

C63 AMG се перчи со нова суспензија, спортски сетап и нова предна оска со по три попречни водилки. Цврстата конфигурација на пружините и амортизерите полнети со гас под зголемен притисок уверуваат во оптимален контакт со подлогата и многу мали движења во свијок.

Лежењето дополнително е подобрено со поширок траг за 35 mm што обезбедува помали динамички напрегања на тркалата во свијок.

Останатите убавини на C63 AMG се 18 инчни леснометални бандажи сериски и 19 инчни како опција кои ги сместуваат диск сопирачките со пречник од 360 mm напред.

 

 

 

 

Facebook