|
26.02.2008 |
Производителот од Штудгарт планира во април да го
комерцијализира своето најлуксузно купе CL со автентичниот
погон на четири тркала 4MATIC, а можно е претходно да го прикаже во Женева.
Верзијата CL 4MATIC ценовно ќе
биде поставена меѓу стандардните модели CL 500 - CL
550 со погон назад и спортскиот CL 63 AMG. Системот 4MATIC, кој ќе
биде вграден во CL во основа е ист со оној што работи во Класа S за кого во Mercedes тврдат
дека е најлесниот погон на четири тркала во светот. 4MATIC на CL ќе му
додаде дополнителна тежина од само 70 килограми.
Поради ова големото купе со ѕвезда на носот нема да
изгуби ништо од забрзувањето, максималната брзина и потрошувачка во однос на
своите браќа со погон назад. Значи спринтот до 100 km/h ќе трае
само 5,4 секунди, максималната брзина електронски ограничена на 250 km/h исто така
останува како и просечната потрошувачка од 12,1 литри.
Основата на системот 4MATIC ја
сочинува централен диференцијал со планетарен склоп на запченици кој ја распределува
моќноста меѓу предната и задната оска во сооднос 45 спрема 55 проценти. Воедно
интегрираната повеќеламелна спојка обезбедува дополнителна тракција при пролизгување,
а на помош доаѓа и електронскиот систем за контрола на тракција и за сопирање
кои заеднички го прават CL 4MATIC да биде еден од најбезбедните автомобили во сериско
производство.
|