Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes CLS домашна премиера
01.03.2011

Ликот на новата генерација на Mercedes CLS е познат од лани, но на стартот на продажбата се чекаше. Причината се сокрива во еден голем јубилеј на марката основоположник на автомобилизмот.

mercedes-cls-premiera-mkd-1-2011-1

Токму така. Стартот на продажбата новиот CLS, Mercedes ја прославува со 125 годишнината на автомобилот. Првиот автомобил на светот кого Карл Бенц го патентирал далечната 1886 година.

Со новиот CLS, Mercedes отвора ново поглавје во сегементот што само го создаде во 2003 година комбинирајќи во еден автомобил елеганција на лимузина и динамика на купе. Како и тогаш и денес одушевувањето е неминовно.

Најстариот производител на светот создаде уште една автомобилска икона со современ дизајн и нов стилски печат низ кого провејува префинет спортски дух кој ја продолжува пионерската улога на претходникот.

Таа се огледува во пошироката понуда како директен одговор на офанзивата на Audi и BMW кои одлучија да стапнат во овој специфичен сегмент. Првиот CLS имаше само погон назад и еден трубо дизел, но сега тоа се менува.

Нoвата генерација на CLS доаѓа со два турбо дизели од кои послабиот носи епитет прв четирицилиндарец во CLS и два бензинци. По желба купувачот добива и погон на четири тркала 4Matic со самоблокирачки централен диференцијал.

mercedes-cls-premiera-mkd-2-2011-1

Секој мотор носи технологија означена со наставката BlueEFFICIENCY во името на моделот и систем Star&Stop кој го исклучува моторот и штеди. На почеток во понуда се моделите CLS 350 CGI со V6 бензинец и 306 КС и CLS 350 CDI со V6 дизел со 265 КС.

Најслабиот мотор е четири цилиндричниот турбо дизел кој работи во CLS 250 CDI и остварува 204 КС, а најмоќниот е бензинецот V8 кој работи во CLS 500 и испрачува серизони 408 КС.

Секако врвот како и кај секој модел на Mercedes е загарантиран за изведбата AMG. Под името CLS63 AMG се сокрива V8 битурбо од 5.5 литри со 518 КС во обичната верзија и 550 КС во пакетот AMG Performance.

Фаленото подвозје на класата Е кое го користи и CLS е дополнително подобрено за постигнување на висока возна динамика и поголем комфор. Додадено е и ново електромеханичко управување со значително подобрена прецизност.

Покрај прецизноста возачот добива и повеќе повратни информации за тоа што се случува со предните тркала. Доработките на полето на задоволство при возење условиле и поголем комфор.

mercedes-cls-premiera-mkd-3-2011-1

За него и ниското ниво на надворешни звуци во кабината е виновна и одличната аеродинамика. Инженерите успеале да постигнат коефициент на отпор на воздух од Cd 0,26 една од најдобрите врадности меѓу сериските автомобили.

Аероднимаиката условила и ниска потрошувачка на која покрај иновативните технологии кај моторите кумува и лесната градба на CLS. Кај CLS единствено од челични профили е изработена самоносечката структурна рамка.

Вратите без рамка се од алуминиум и се полесни од кога би били челични за 24 kg. Од алуминиум се и хаубата, предните крила, капакот на багажникот, разни прегради голем дел од потпирањето и моторите.

Покрај цел куп иновативни технологии кои ја гарантираат безбедноста и ги подобруваат возните карактеристики CLS воведува и технологија на светлечки диоди кај предните светла кои зрачат светлина најблиска до дневно светло.

Секако сето ова чини. Но и цената е дел од шармот на CLS кого го докажуваат и рекламните видеа кои можете да ги гледате и на YouTube каналот на Vozi!

Застапникот MakAutoStar наведува цена од 75.000 евра за моделот CLS 250 CDI BlueEFFICIENCY, a најпопуларниот модел CLS 350 CDI BlueEFFICIENCY стартува од 79.000 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook