Се чини дека во Mercedes многу размислувале додека се подготвувале за салонот во Париз и одлучиле да го заинтригираат
светот сo концепт кој го најавува наследникот на Класа Е.
Концептот наречен ConceptFASCINATION што ќе
биде прикажан во Париз, всушност претставува комби изведба на новата генерација
на купето CLK кое за разлика од до сега ќе биде поставено на основата
на Класа Е.
Воедно овој концепт ни го прикажува
финалниот дизајн на предницата на новата генерација на Класа Е која треба да се
појави следната година.
Врската е очигледна, а може да се забележи во облик на
четирите одвоени и аглести предни светла кои ги заменуваат досегашните
елипсовидни. Аглестата форма продолжува и во задниот дел каде како против тежа
на предните светла штрчат двата пара издувни цевки од не`рѓосувачки челик.
ConceptFASCINATION е комби-купе кое
може да превезува четири возрасни патници на своите четири одвоени седишта,
додека одзади нуди доволно простор за несметан превоз на комплетниот багаж на
патниците.
Страничната линија ни открива долго странично стакло без
рамка кое делува како да е излиено од едно парче и формира континуиран лак од
предниот до задниот носач.
Под хаубата работи новиот четири цилиндричен турбо дизел
на Mercedes со зафатнина од 2,2 литри и моќност до 204 коњски сили
кој за во ConceptFASCINATION ги инкорпорира
технологиите BlueTЕС и AdBlue кои пак се грижат за зелениот имиџ на автомобилот.
|