Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes делумно го открива Gullwing
10.07.2009
mercedes-sls-amg-gullwing-1.jpgСупер спортистот на Mercedes околку кого веќе две години се крева прашина полека почнува да ги открива своите атрибути со цел подгревање на љубопитноста пред официјалното претставување во Франкфурт.

Мercedes одлучи да ја открие кабината на SLS AMG Gullwing како што гласи полното име на автомобилот, а за Auto Motor und Sport истакнува дека кога ќе пристигне на пазар ќе чини околу 160.000 евра.

Хармут Синквиц еден од дизајнерите на проектот нагласува дека при создавањето на SLS AMG Gullwing не се измислувало топла вода туку се користени најпроверените компоненти на Mercedes од техниката до дизајнот.

Иако претставува наследник на повеќе од половина век стариот 300 SL Gullwing кого Mercedes го претстави далечната 1954, SLS AMG Gullwing е современ автомобил кој во себе ги содржи сите компоненти карактеристични за супер спортските автомобили на 21. век.

Со каросеријата на SLS AMG Gullwing доминираат огромната хауба и кабината поставена врз задната оска со врати кои се отвораат вертикално.

Дизајнот на кабината е инспириран од кабините на современите авиони, а во себе ги вкомпонирува и ретро деталите како што се отворите за проветрување и едноставната инструмент табла со два округли инструменти.

Големиот дисплеј меѓу нив на кого се отчитуваат сите останати функции кои ги поседува еден современ автомобил е неизбежен детал, како и мониторот поставен во средина дел од мултимедијалниот систем и сателитската навигација.

Под него на централната конзола се распоредени високо квалитетниот аудио систем кого го испорачува Bang&Olufsen, двозонскиот автоматскиот клима уред наречен Thermotronic, системот на Mercedes COMMAND.

Сараунд системот со Dolby Digital 5.1 нуди незаборавно музичко искуство преку 11 звучници распоредни низ кабината кои го добиваат сигналот од засилувач со моќност од 1.000 вати. Во игра е и сабвуфер со моќност од 250 вати.

Материјалите кои преовладуваат во кабината се кожа, алкантара, алуминиум и карбон-фибер. Алуминиумските педали одат во комбинација со прстените околу инструментите, вртливите копчиња, отворите за воздух и палките за менување зад волан.

Седиштата кои повеќе наликуваат на тркачки кади се изработени од кожа и се нудат во пет различни бои. За поставување на кабината покрај кожа е користена и алкантара, а на подот се наоѓаат квалитетни теписи.

Вратите кои наликуваат на крило на галеб по што автомобилот го добива надимакот се отвораат под агол од 70 степени и однатре исто така се преслечени со кожа и со алкантара. Шарките се на средина од кровот со што се олеснува влегувањето во автомобилот висок 1.080 mm.

Возачот и совозачот седат на само 396 mm од асфалтот. Кабината во висина на рамениците е широка 1.483 mm, додека за лактиците има малку повеќе простор 1.606 mm. Прагот на вратата се наоѓа на 45 cm од земја, а висината со отворени врати изнесува 1.500 mm.

Под долгата хауба, зад предната оска во средина на просторната шасијата изработена од алуминиум ќе работи бензински V8 кого го испорачува AMG. Тежинскиот распоред предна/задна оска изнесува 48 спрема 52 проценти.

Моќниот 6.3 литарски V8 остварува 571 КС при 6.800 врт/мин додека максималниот вртежен момент од 650 Nm се испорачува при 4.750 врт/мин.

Моторот снагата ја испраќа до задните тркала преку седум степен автоматски менувач со две спојки кој заедно со диференцијалот е сместен на задната оска по принципот транаксл.

Автомобилот кој тежи 1.620 kg има сооднос тежина моќност од 2,84 килограми по коњска сила. Во SLS AMG Gullwing е вграденo 40 годишното тркачко искуство на Mercedes.

Возачот може да избира меѓу четирите модуси на менување. C (Controled Efiiciency) или контролирана ефикасност, S (Sport), S+ (Sport plus) и M (Manuel) за мануелно менување на степените.

Понатаму AMG на возачот му нуди информација: Warm Up, Set Up и RACE. Warm Up го прикажува нивото и температурата на маслото во моторот и менувачот како и температурата на течноста за ладење.

Set Up му го прикажува во моментот одабраниот модус на работа на менувачот како и активирањето или деактивирањето на ESP. RACE активира штоперица која му овозможува на возачот да ги мери времињата по круг на патека.   

Mercedes SLS AMG Gullwing е способен возачот и совозачот да ги катапултира до 100 km/h за 3,8 секунди и да ги однесе до максималната брзина електронски ограничена на 315 km/h. За сега нема збор за деблокирање, но тоа и онака доаѓа подоцна.

SLS AMG Gullwing сопира со помош на ново развиените карбон-керамички дискови на AMG кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти. Од челичните со исти димензии се полесни за 40%. AMG гарантира дека сопирачката моќ со нив е уште поголема посебно кога дисковите се ладни.

Огромните дискови се сокриваат зад леснометални бандажи со пречник од 19 инчи напред и 20 инчи назад обуени во гуми 265/35 напред и 295/30 назад кои специјално се создадени за SLS AMG Gullwing.

Кога SLS AMG Gullwing ќе се појави на пазарот сеуште не се знае. Но, податокот дека SLS AMG Gullwing во Франкфурт ќе биде претставен како модел за 2010 наговестува старт на комерцијализацијата до крајот на годината.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook