|
09.11.2007 |
Mercedes со претставувањето на својот нов модел E350 CGI докажа дека
за еден мотор да биде ултра економичен немора да и припаѓа на групата малечки
дизели или хибриден погон.
Во споредба со обичниот Е350, потрошувачката на Е350 CGI е пониска
за околу 10 проценти, а со будните 292 коњски сили овој мотор е за 20 коњски
сили помоќен од обичниот бензинец.
Просечната потрошувачка на новиот Е350 CGI
застанува на бројката од 8,7 литри на 100 изминати километри. И покрај економичноста
оваа луксузна лимузина сеуште забрзува до темпо 100 за 6,8 секунди и достигнува
максимлана брзина од електронски ограничени 250 km/h.
Покрај овој модел Mercedes исто така стартуваше со
продажба на новиот Е300 Bluetec дизел, кој го носи насловот за најчист дизел мотор во
својата класа.
За да го постигне ово статус, чистиот дизел има
оксидирачки каталитички конвертор и филтер за честички чад. Моќноста е малку
пониска од стандардниот Е320 CDI и изнесува 211 коњски сили.
Просечната потрошувачка за E300 Bluetec изнесува
7,2 l/100 km.
|