Околу 100.000 читатели на Auto Bild ја
прогласија новата генерација на Mercedes E Класа за
автомобил со Најдобар дизајн за 2009, а истата ја добива
и купето во својата категорија.
На годишниот избор за Најдобар дизајн кој го организира Auto
Bild, а гласаат читателите на магазинот, можат да учествуваат автомобили кои се појавиле на
пазарот претходната година.
Автомобилите кои учествуваат во изборот се поделени во
пет категории: „мали автомобили и компакти”, „лимузини и каравани”, „купеа
и кабриолети”, „SUV, ванови и теренци” и „студии и концептни автомобили”.
Во првата категорија победата ја однесе Volkswagen
Polo, во втората Mercedes E Класа, во трета
класа Mercedes E Класа Coupe, во четврта класа Audi A4 Allroad, а кај
студиите победи Audi Sportback Concept.
Севкупен победник на изборот со најголем број на гласови
од читателската публика е токму Mercedes E Класа.
Во битката за победа во своите категории се замешаа и Volkswagen Golf VI, Opel Insignia Sports Tourer, Audi A5 Cabrio, Skoda Yeti, Volkswagen BlueSport.
|