Get Adobe Flash player
Mercedes F-Cell Roadster
26.03.2009
mercedes-f-cell-roadster-1.jpgСо отворената каросерија и жичаните бандажи концептот Mercedes F-Cell Roadster повеќе наликува на родстерите од почетокот на 20. век одколку на парче автомобил спремен за во 21. век.

Секако студентите на дизајн на Mercedes кои работеле на проектот намерно направиле комбинација од старото и новото која треба да симболизира повторно раѓање на начинот на размислување како треба да се создаваат и каков погон треба да користат автомобилите.

Како што индицира името, F-Cell Roadster, го задвижува систем од горивни ќелии со моќност од 1.2 kW, а возачот управува со возилото преку технологија drive-by-wire врзана со џојстик.

F-Cell Roadster е способен да достигне максимална брзина од 25 km/h и има автономија од 350 километри. Перформансите укажуваат дека без оглед што станува збор за високо технолошки автомобил него многу лесно би го престигнале родстерите од пред еден век.

Но, перформансите не биле идеја водилка при создавање на F-Cell Roadster. Без оглед што според дизајнот потсетува на минатите времиња родстерот всушност е вистински хајтек производ на четири тркала.

Родстерот целoсно е изработен со обилно користење на карбон-фибер и фиберглас. Дури и седиштата, поточно тркачките кади се изработени од карбон-фибер, додека елементите од потпирањето и суспензијата се огледуваат на Формула 1.

Секој елемент на автомобилот е дизајниран и конструиран од бел лист хартија, вклучувајќи ја и механиката, електрониката и мехатрониката преку која се управува со F-Cell Roadster.

За да се создаде радикалниот F-Cell Roadster потрошена е цела година, а на проектот работеле 150 студенти под супервизија на инженерите и дизајнерите на Mercedes.

„Воодушевен сум што гледам колку иницијатива и креативност овие млади луѓе имаат вложено во овој проект,” изјави членот на бордот за човечки ресурси и менаџерот за работни односи во Mercedes, Гунтер Флаиг.

Одговорните од Mercedes истакнуваат дека нема план да се произведува F-Cell Roadster. Причините се очигледни. Сепак, од производителот истакнуваат дека целта е постигната.

Демонстрирање на висока технологија, алтернатива за конвенционалните автомобили, која е во постојан развој и на која ќе може да се смета при развој на сериските автомобили во иднина.


 

 

 

Facebook