Иако официјално треба да биде претставен утре на салонот
во Пекинг фотографиите на Mercedes GLK се појавија ден порано како и детали
околу моторите и механиката.
Првпат компактниот теренец на Mercedes се појави
во јануари на салонот во Детроит како концепт, но уште тогаш се претпоставуваше
дека серискиот автомобил ќе биде идентичен со концептот, а прикажаните
фотографии го докажуваат тоа.
GLK ќе со бори за место на пазарот покрај силната
конкуренција која доаѓа од Audi во форма на моделот Q5, a ќе биде претставен во недела и веќе постоечкиот BMW X3.
Mercedes и кај GLK ја задржува традиционалната определба теренецот да нуди
извонредни возни својства на пат, но и одлични теренски карактеристики кои ќе
ги одушеват љубителите во возење по терен и ќе овозможат извелкување и од
најтешки ситуации.
Се очекува најпродаван да биде моделот со 3.5
литарскиот V6 бензинец кој снагата на сите четири тркалa ја испраќа
преку автоматскиот менувач 7G-Tronic стандард кај сите верзии
и познатиот погон на Mercedes, 4MATIC.
Покрај него би требало да застанат дизелите 220 CDI и 320 CDI во обична
и во BlueEfficienciy верзија, а подоцна на пазарот ќе се појави и верзијата GLK63
AMG со моќниот V8 под хауба.
GLK ќе се произведува во фабриката на Mercedes во Бремен,
Германија и ќе биде достоен претставник на сребрената ѕвезда со изобилство на опрема
како што е дрвен финиш, детали од хром, интерфејсот COMAND,
панорамски кров, ксенонски светла, сателитски радио систем SIRIUS.
Тука се и двозонскиот автоматски клима уред,
леснометалните бандажи од 19 инчи, електрично местење на предните седишта, Bluetooth и 5 инчен
колор дисплеј.
Со GLK, Mercedes се надева дека ќе успее да го подобри своето учество на
пазарот посебно на најголемиот пазар на SUV на светот
САД, каде до сега го губеше чекорот со конкурентот од BMW, X3.
|