Get Adobe Flash player
Mercedes го престигна Audi
09.07.2010

Станува збор за натпревар во продажба кој стихијно се води меѓу двете марки и му овозможи на Mercedes годинава да го престигне Audi заради рекордно високите продажби остварени во месец јуни.

mercedes-e-klasa-amg-2010-1

Сега Mercedes станува број 2 производител на премиум автомобили во светот и во првата половина од годината го добива дуелот со производителот од Инголштад, но со многу тесна разлика.

Имено годинава сопреништвото меѓу двете компании е многу жестоко, а Mercedes во првите шест месеци од годината успеал да продаде 1.750 автомобили повеќе од Audi. Сепак, и тоа не е доволно да се стигне до број 1 премиум производител.

Првото место за сега цврсто го држи во рака BMW. Баварците од почетокот на годината продале 585.755 автомобили со што ја зацврстуваат водечката позиција во светот на луксузните возила.

Колку за споредба Audi во првите шест месеци од 2010 продал 554.950 возила и е на добар пат да ги оствари годинешните проекции од преку 1 милион продадени возила и да го надмине рекордот од 2008 кој изнесуваше 1.003.469 продажби.

Mercedes пак за првите шест месеци од 2010 продал 556.700 возила. Продажбите на Audi во првите пет месеци од годината беа подобри од оние на Mercedes, но зголемената побарувачка за Е класата и за S класата му помогна на производителот од Штудгарт да го надмине Audi.

Во месец јуни Mercedes продал рекордни 113.300 возила што претставува зголемување на месечната продажба во однос на минатиот месец мај од 13,2%. Од Mercedes истакнуваат дека овој јуни е најдобриот месец во историјата на компанијата по број на продадени возила.

Останува да видиме како ќе заврши крајот на годината за Mercedes и за Audi и кој од нив во 2010 ќе го освои местото број 2 премиум производител. За местото број 1 се знае. Тоа е BMW. И двете марки се сеуште далеку од BMW кој во првата половина од годината им бега за околу 30.000 возила.

 

 

 

Facebook