|
27.11.2007 |
Официјалните лица од Fiat и од Mercedes беа во
преговори од средина на годината за можен договор за заеднички развој на
неколку нови модели за Alfa Romeo и за Mercedes.
Но, се чини дека преговорите завршија прерано и ниту една
страна повеќе не е заинтересирана за понатамошно партнерство. Според двете
страни било какво партнерство само межу двете марки е премногу мало за да биде
исплатливо.
Mercedes очекуваше дека ќе има придобивка од платформите на Fiat на малите
автомобили за следната генерација на Класа А и В, но според официјалните лица
на германците производството на малите автомобили во Fiat е поскапо
отколку кај нив.
Ваквиот развој на настаните остава простор за BMW да ги
продолжи прекинатите разговори со Мercedes. BMW веќе
изрази желба да формира партнерство со Мercedes за
заеднички развој на заедничка платформа за следната генерација на Mini и на
Класа А и В.
|