Без грижа не станува збор за партнерството во Формула 1
туку за партнерството околу создавањето на новиот супер автомобил на Mercedes кој треба
да го замени сегашниот SLR.
Години назад се чинеше дека McLaren и Mercedes
одат заедно како путер и мед, но сега партнерот на Mercedes во DTM,
тјунерската куќа HWA ќе се ангажира околу новиот супер автомобил со
сребрена ѕвезда.
Раскинувањето на договорот со McLaren е последица
на незадоволството на Mercedes од перформансите на SLR. Ова се чини чудно
бидејќи пред само неколку месеци приликите говореа дека Mercedes е на пат
да го купи McLaren. Плус што туку отпочнатото производство на SLR кабрио
говори дека малку е веројатно дека двете марки се разделуваат за секогаш кога
се во прашање автомобилите.
Новиот суперспортиста од HWA ќе го носи
рачно изработениот 6,2 литарски мотор од AMG. И ако
перформансите на SLR не задоволуваат тогаш проектот на HWA би требало
да биде повеќе од монструозен.
Кога се споменува AMG значи дека
новиот супер автомобил ќе може да се вози на улица иако ќе биде целосно развиен
како тркач какви што единствено знае да прави HWA.
Колку за потсетување дело на HWA се А32К
верзија на класа А со два мотори поклон на Мика Хакинен за двојната титула во
Формула 1. Потоа фамозниот CLK GTR Coupé и CLK GTR
Roadster и сеуште свежите CLK DTM AMG Coupé и CLK
DTM AMG Cabrio кој воедно е и најбрзиот кабриолет на денешницата.
За да го смести својот нов проект HWA ги
зголемува за три пати своите производствени капацитети при што инвестираше 4,5
милиони евра.
 
|