Get Adobe Flash player
Mercedes Класа E Coupe
20.02.2009
mercedes-e-klasa-coupe-1.jpgMercedes подготви еден од најжешките автомобили кои ќе ги красат штандовите на претстoјниот салон во Женева. Се работи за грациозно купе направено на основата на Класа Е. Новото купе на Mercedes со нетрпение се очекува, бидејќи конечно, пристигнува замената на веќе временскиот CLK кој ја губи продажната битка со ново дојдените купеа како Audi A5 и BMW Серија 3 Coupe.

Ако се суди според дизајнот и стилскиот настап, новајлијава на Mercedes е сериозна конкуренција за горе наведените ривали. Дополнителен плус е и основата врз која е поставен, а станува збор за новата Класа Е.

Новото купе го задржува печатот купеата на
Mercedes, не користи рамка за вратите и нуди можност за целосно спуштање на страничните стакла. Клинестата форма има неверојатно низок коефициент на отпор на воздух Cd 0,24 што е на ниво на новата генерација на хибриди како Toyota Prius или Chevrolet Volt .

Под хаубата на Класа Е
Coupe ќе работи цела палета на мотори со четири, шест и осум цилиндри со распон на моќност од 200 КС до 382 КС. Интересно е што новата генерација на четири цилиндерци со директно вбризгување и покрај помалата зафатнина остваруваат поголема специфична моќност и вртежен момент од V6 моторите.

Стартот од моторната понуда е резрвиран за четирицилиндричниот дизел Е250
CDI кој остварува 200 КС и вртежен момент од 500 Nm. Тој воедно е и најштедливиот мотор со просечна потрошувачка од 4,3 L/100 km.

Паралелно на него на почетокот од понудата му се придружува четирицлиндричниот бензинец Е250
CGI кој подеднакво остварува 200 КС, но има понизок, но сепак, респектибилен вртежен момент од 310 Nm.

Следни во понудата се двата
V6 мотори кои ќе работат во моделите Е350 CDI и E350 CGI. Дизелот Е350 CDI развива 228 КС и вртежен момент од мсни 540 Nm, додека бензинецот E350 CGI се перчи со 288 КС и 365 Nm вртежен момент.

За сега врвот од понудата го гарантира моделот
E550 кој под хаубата сокрива 5.5 литарски V8 кој пумпа 382 коњски сили и 530 Nm вртежен момент. Во развој е и верзијата AMG која пристигнува подоцна и се претпоставува дека на возачот на располагање ќе му понуди застрашувачки 500 коњски сили.

Mercedes
во Класа Е Coupe ќе ја вградува активна суспензија Agility Control која автоматски ја прилагодува цврстината на придушување на ударот во зависност од условите на возење и квалитетот на асфалтот и тесно соработува со системот Dynamic Driving кој на возачот му овозможува сопствена селекција на тврдината на амортизерите.

Понатаму Класа Е
Coupe нуди систем кој го препознава уморот кај возачот и го предупредува да одмори, систем за препознавање на сообраќајните знаци, автоматско сопирање во случај незгода и адаптибилни само затемнувачки предни светла.

Покрај вообичаената електроника во кабината Класа Е
Coupe од најосновниот модел сериски доаѓа опремена со електрично местење на висината и аголот на потпирачот на предните седишта. Како опција се нуди и пакет со три мемориски позиции и електро хидраулична лумбарна поддршка која се мести во четири правци.

Според одговорните во Штудгарт, Mercedes Класа Е Coupe на пазарите во Европа ќе пристигне во мај годинава. Цената останува непозната до светската премиера во Женева.


 

 

 

Facebook