Get Adobe Flash player
Mercedes Класа С Blue Efficiency
29.02.2008
mercedes-blue-efficiency-1.jpgНа салонот во Женева Mercedes ќе претстави три модели од Класа С кои се карактеризираат со значително пониска поторошувачка и пониска емисија на СО2 од обичните верзии.

Станува збор и за бензински и дизел верзии кои Mercedes со едно име ги нарекува Blue Efficiency. Тоа се моделите С180 Kompressor, С350 CGI и С220 CDI.

Очекувано најимпресивни резултати остварува C220 CDI Blue Efficiency кого го задвижува 2.2 литарски четири цилиндричен комонреил дизел кој остварува 134 коњски сили и максимален вртежен момент од 270 Nm, забрзува до темпо 100 за 10,4 секдуни има максимална брзина од 220 km/h и во просек троши 5,1 литри дизел и има емисија на СО2 од 135 g/km. За споредба обичниот C220 CDI троши 6,1 литри и има емисија на СО2 149 g/km.

С180 Kompressor Blue Efficiency користи 1.6 литарски бензинец кој остварува 156 коњски сили и во просек троши само 6,5 литри, што е за 12 проценти помалку во однос станадардниот модел. Истот се однесува и на емисијата на СО2 која е редуцирана од 177 на 156 g/km.

С350 CGI исто така користи бензински мотор со шет цилиндри во V распоред кој развива 289 коњски сили и максимален вртежен момент од 365 Nm и во просек троши 8,4 литри и има емисија на СО2 од 220 g/km. Спринтира до 100 km/h за 6,2 секунди, а максималната брзина е елктронски ограничена на 250 km/h.

Сите овие бројки се постигнати со заштеда во тежината, потенoк ветробран направен од ламинирано стакло, помалку звучна изолација и полесни леснометални бандажи обуени во гуми со помал отпор при тркалање. Заштедата во тежината изнесува од 19 до 32 килограми.

Понатаму подобрена е аеродинамиката и опорот на воздух од индекс 0.27 Cd е спуштен на 0.25 Cd. Ова е постигнато со поставување на рамен панел на подот, нова предна маска, затворени споеви помеѓи хаубата и страничните крила, браникот и предните светла. Сменета е и суспензијата и автомобилот е поблизу до подлогата за 15 милиметри.

 

Mercedes планира техонологијата Blue Efficiency да ја воведе на дури 20 модели до крајот на годината, но не се знае колку нашите купувачи ќе бидат заинтересирани за овие модели.

 

 

 

 

Facebook