Get Adobe Flash player
Mercedes купува дел од Aston Martin
17.12.2008
am-logo-1.jpgИнвестициската куќа од Кувајт, Investment DAR, која е сопственик на легендарната британската компанија Aston Martin, одлучи да продаде дел од акциите.

Во услови кога владее светската финансиска криза долговите на инвестициската куќа DAR значително се зголемиле и сега кувајтската компанија бара кредит во висина од 1 милијарда долари заради рефинансирање на големиот долг.

Покрај подигањето на кредит DAR гледа спас и во продавање на 10 до 20% од акциите на Aston Martin. DAR минатата година од Ford купи 50% од акциите на Aston Martin.

Во моментот единствен кандидат за купување на дел од акциите во Aston Martin e Mercedes. Интересот на Mercedes за британскиот производител постои уште од пред една година.

Имено во декември 2007 претставници на Mercedes ја посетиле кувајтската DAR. По оваа посета се очекуваше и претставници на Aston Martin да го посетат Штудгарт заради разгледување на можноста за купување на дел од компанијата.

Според информациите што доаѓаат од DAR голема е веројатноста заинтересираноста на Mercedes да се претвори во зделка и тоа да се случи многу брзо.

Интересот Mercedes го гледа во соработката со инженерите на Aston Martin и користење на нивните ресусри при содавањето на наследник од луксузната марка Maybach.

Секако интересите одат и во обратна насока. Можно е идната луксузна лимузина на Aston Мartin, највениот наследник на Lagonda да биде поставен на платформата на новата генерација на S Класа на Mercedes.

 

 

 

Facebook