Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes MLC ќе се бори против BMW X6
27.07.2011

Mercedes веќе најави дека работи на развој на спортско активно возило на основата на новата М Класа кое треба да му се спротивстави на конкурентот од Минхен, етаблираниот BMW X6.

mercedes-mlc-kroskupe-1-2011-1

Првичните најави беа дека новиот модел ќе ја носи ознаката GLS, но сега пристигнуваат нови информации каде стои дека купето од М Класа ќе ја носи ознаката MLC.

Дополнително објавена е и неговата кодна ознака С166 заедно со најавата дека производството ќе стартуваво 2015 година во модернизираните погони на Mercedes во американскиот град Тускалуса.

Мercedes ќе инвестира 2 милијарди долари за модернизирање на постоечката фабрика во сојузната држава Алабама каде сега се произведуваат М Класа, R Класа и GL Класа.

За каков потенцијал се работи говори податокот дека BMW само минатата година продал 46.404 примероци од X6, или безмалку половина од продажбите на X5 кој пристигнал до 102.178 нови сопственици.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook