Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes најавува хибриден дизел
21.12.2011

Mercedes за претстојниот салон на автомобили во Детроит најавува хибриден погон со дизел мотор во својата Класа Е. Заедно со него ќе биде претставен и хибридниот бензинец од класата Е.

mercedes-e300-hybrid-1-2011-1

Првиот хибрид ја носи ознаката Е300 BlueTec Hybrid и има хибриден систем составен од новиот 2.2 литарски турбо дизел со 204 КС и 500 Nm и електричен мотор со моќност од 27 КС и 250 Nm.

Со активиран хибриден погон Е300 BlueTec Hybrid до 100 km/h стигнува за 7,5 секунди и вози со максимални 240 km/h. Ако се споредат податоците со BMW ActiveHybrid 5, хибридната класа Е со 109 g/km има за 40 g/km пониска емисија на СО2.

Просечната потрошувачка е измерена на 4,2 l/100 km, а  енергијата за електромоторот доаѓа од литиум-јонски батерии со капацитет од 0,8 kWh што е доволно за 1.6 километри возење само на електричен погон.

Вториот хибрид е Е400 Hybrid кого го задвижува 3,5 литарскиот V6 кого го користат и останатите модели на Mercedes, податоците за него сеуште не се откриваат, но затоа се знае дека ќе се продава само на пазарот во САД.

И двата хибриди располагаат со технологија за штедење на гориво како систем Start&Stop, гуми со низок отпор при тркалање, систем за регенерирање на кинетичката енергија и систем за т.н. едрење кога при висока патна брзина спојката го исклучува моторот од погонот и штеди енергија.

Повеќе детали Mercedes ветува по премиерата во Детроит.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook