Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes најавува офанзива
17.06.2010

Почнувајќи од новиот кабриолет на Е Класа Mercedes најавува технолошка и моделска офанзива и има намера значително да ја зголеми продажбата која веќе бележи раст од почетокот на годината.

smart-fortwo-electric-drive-2010-1

Заклучно со месец мај Mercedes во однос на истиот период минатата година забележал раст од 16% и има намера оваа тенденција на раст да ја зголеми со претставување на 16 потполно нови и модернизирани модели.

Меѓу нив се и три модели со нулта емисија на издувни гасови Smart ForTwo Electric Drive кој ќе се појави во јуни 2010, А Класа F-Cell и B Класа F-Cell кои треба да пристигнат на пазарот за година и половина од сега, односно до крајот на 2011.

Пред да се појават моделите со алтернативен погон што најверојатно ќе се случи на салонот во Франкфурт 2011, Mercedes планира да претстави нова генерација на класичните мотори во V6 и V8 конфигурација.

Станува збор за нова генерација на бензински мотори наречена BlueDirect кои ќе имаат директно вбризгување на горивото и турбо натполнење со што ќе им се зголеми моќноста и намали потрошувачката за 24% во однос на актуелните мотори од генерацијата GDI.

Дел од моторите ќе почнат да работат во одредени модели на Mercedes уште оваа есен заедно со новиот систем Старт-Стоп, а од в година се очекува да ја преплават целата гама на производителот од Штудгарт.

Покрај новата генрација мотори и технологии за штедење Mercedes планира до крајот на 2011 во серија да воведе и нови мултимедијални и комуникациски системи.

Паралелно со вовоедувањето на новите технологии Mercedes разработува и нови начини за претставување на марката во доменот на маркетингот и рекламата под девизата на основачот на компанијата Готлиб Дајмлер: „Најдоброто или ништо”.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook