Toyota вели литиум-јонски батерии се самозапалуваат под
напор. Во меѓувреме Mercedes и BMW со здружени сили развија нов хибриден погон со
литиум-јонски батерии и докажаа дека Toyota греши.
Новиот хибриден погон на BMW-Mercedes треба да
биде поевтин и поефикасен од постоечките и што е најважно ќе трае подолго и ќе
складира повеќе електрична енергија.
Првиот автомобил што ќе го здогледа светлото на јавноста
од заедничката програма е Mercedes S400 Hybrid кој би требало кај
купувачите да пристигне во 2009.
Електричниот мотор е сместен меѓу моторот и менувачот, а
го задвижува електриката добиена од пакет од литиум-јонски батерии кои ќе ги
произведува Johnson Controls.
Не возбудувајте се премногу поради името на добавувачот,
бидејќи батериите сигурно нема да се произведуваат во Македонија во
непостоечката фабрика која според властите само што не проработела.
Моќноста на V6 бензинецот е
смалена на скромни 279 КС со електричен мотор кој додава уште 20 коњи. Ова не
влијае на перформансите бидејќи автомобилот фаќа стотка за 7,3 секунди.
Мercedes тврди дека неговиот S400 Hybrid ќе биде
најекономичниот луксузен седан на пазарот. А што е со BMW?
Баварците набрзо по S400 Hybrid ќе
го претстават својот X6 Hybrid.
|