Конечно и тоа се случи. Претставен е првиот сериски
автомобил на светот во хибридна верзија кој користи акумулаторски батерии со литиум-јон
технологија.
Станува збор за Mercedes S400 BlueHYBRID кој ја
понесува ласкавата титула, но сепак, резултатите што се постигнати на прв поглед
не делуваат толку импресивно како што звучи самата најава на автомобилот.
Зошто е тоа така?
Mercedes S400 BlueHYBRID со комбинирање на
бензинскиот V6 од 3.5 литри и 279 коњски сили и електромоторот од 20 коњски
сили спаѓа во категоријата на т.н. благи хибриди и од него не треба да се
очекуваат чуда во поглед на смалувањето на потрошувачката на гориво.
Бројките добиени по тестирањето од страна на инженерите
на Mercedes велат дека S400 BlueHYBRID во просек
троши 7,9 литри на 100 km и има емисија на СО2 од 190 g/km.
Вредностите се далеку под остварувањата на серискиот S350 на чива
основа е поставен S400 BlueHYBRID, но се многу над остварувањата што би
се очекувале од еден целосен хибрид, па дури и од некои дизели.
Но, на крај мора да се признае дека сепак, ова се одлични
резултати за една луксузна лимузина со полна големина и тежина и кога ќе се
додаде бројката која вели дека потрошувачката и емисијата на СО2 се за 21%
пониски од S350 тогаш на S400 BlueHYBRID мора да му
се одаде респект.
Mercedes S400 BlueHYBRID ја носи ознаката S400 и покрај
тоа што моторот има зафатнина од 3.5 литри како кај S350.
Придобивката за повисока ознака S400 доаѓа од
литиум-јонските батерии и електромоторот со чива помош S400 BlueHYBRID се
изедначува со стандардниот S400.
Моќноста до задните тркала се пренесува преку седум
степениот автоматик 7G-Tronic кој претрпел одредени измени и поддесувања со цел да се
прилагоди на хибридниот погон.
Измените на менувачот условиле S400 BlueHYBRID да не
заостанува во перформансите зад своите блиски браќа. Ова значи дека спринтот до
100 km/h се остварува за само 7,2 секунди, додека максималната
брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
Покрај хибридната технологија и литиум-јонските батерии за
остварување на ниската потрошувачка и емисија на СО2, S400
BlueHYBRID, обилно ја користи и технологијата Blue Efficiency на Mercedes.
Најголема корист е извлечена од системот старт/топ кој значително
ја скратува потрошувачката и емисијата на издувни гасови кога автомобилот стои
во место на семафор или во сообраќаен метеж.
Хидбридниот систем пак помага за зголемување на
перформансите во кус временски интервал. Вклучувањето на електромоторот
обезбедува допонителни 160 Nm вртежен момент кои му помагаат на бензинецот да не
работи толку напорно посебно при забрзување и престигнување и со тоа да не
троши премногу гориво.
Враќањето на енергијата при сопирање или забавување преку
електромоторот кој во оваа фаза работи како генератор и ги полни батериите
допонително ја зголемува ефикасноста и искористливоста на енергијата која во
спротивно би била потрошена залудно.
Комерцијализацијата на S400 BlueHYBRID во Европа
ќе стартува во јуни 2009, потоа во август на ред е Кина и во септември САД.
Цената на S400 BlueHYBRID сеуште не
е објавена, сепак мора да се очекува дека ќе биде доста поскап од S350.
|