Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes S600 Pullman Guard
01.10.2008
merc-s600-pullman-guard.jpgОдделот на Mercedes за безбедност прави блиндирани автомобили изминатите 80 години и годинава својот јубилеј го прославува со претствување на S600 Pullman Guard.

Моделот е направен на основата на развлечената лимузина Pullman и има за цел да ги привлече владеачките структури во државите, кралските семејства и богатите. Секако на листата на побарувачи веруваме дека ќе се најде и по некој диктатор.

S600 Pulmann Guard е најновиот модел во долгата традиција на правење на блиндирани возила од најстариот производител на автомобили на светот и како што доликува, во него се спакувани најновите достигнувања од сферата на заштита на автомобилите од оружен напад.

Степенот на заштита на возилото и отпорностa се подигнат на ниво В6/В7. Ова значи дека Pullman Guard ги чува патниците од напад со рачно огнострелно оружје како што се пиштол и пушка, но и од рачна граната и други посилни експлозивни полнења.

Ова се постигнува со поставување на оклопни панели, стакла отпорни на пробивање и материјали способни да го впијат и дисперзираат ударот од екслпозија.

Понатаму Pullman Guard вози на run-flat гуми, има вграден систем за гасење на пожар со инсталација низ целиот автомобил вклучувајќи го и просторот за мотор и багажникот, а резервоарот за гориво во случај да биде пробушен со зрно од куршум се самозакрпува и не дозволува истекување на скапоцената течност потребна за да се извлече автомобилот и патниците во него од зоната на напад.

Под хаубата на стандардниот Pullman Guard работи 5.5 литарскиот битурбо V12 кој остварува моќност од максимални 515 коњски сили. Секако производителот е подготвен да им излезе во пресрет на нарачателите кои сакаат помоќен агрегат.

Комплетната структурата на лимузината е сменета за да не дојде до деформации на истегнатиот автомобил при евентуален напад со екслпозивни средства, а направени се и дополнителни засилувања поради што било потребно и обемно модификување на суспензијата за да може да се издржи стресот предизвикан од големата тежина.

Покрај високото ниво на заштита Pullman Guard е опремен со најновите достигнувања и технологии кои Mercedes ги вградува во својата Класа S.

Што значи дека профитира од системи како што се помош при сопирање и распределување на силата на сопирање на тркалата кои се во најдобар контакт со подлогата, системот за гледање ноќе, одржување на растојание од возилот пред вас итн.

Цената не е дефинирана бидејќи се формира во зависност од потребите и желбите на клиентот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook