Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes се откажува од V12
02.12.2008
sl-65-amg-black-1.jpgИдните модели на Mercedes повеќе нема да ги носат познатите монструми V12. Место нив во врвните модели на марката ќе се вградуваат V8 со трубо.

Mercedes го следи примерот на BMW кој веќе најави мерки за намалување на цилиндрите и зафатнината, дури и кај своите М модели. Производителот од Штудгарт е свесен дека новите времиња носат нови погледи.

Затоа многуте цилиндри ќе бидат замените со помалку, но потпомогнати од турбо натполнење со што ќе се зголеми ефикасноста на моторот, а ќе се намали емисијата на издувни гасови.

Но, одлуката на Mercedes иако навидум, сепак, не доаѓа преку ноќ. Информациите кои доаѓаат за сите нови модели чива премиера се очекува во следните две години велат дека под хаубата на ниту еден од нив нема место да се смести мотор од 12 цилиндри во V распоред.

Што значи дека во Mercedes, сепак размислуваат однапред.

Постоечките модели како S 600, CL 600, SL 600, S65 AMG, CL 65 AMG и SL65 AMG, нема да бидат отсранети од гамата на Mercedes. Нивното производство продолжува, но моторите полека ќе бидат заменувани со нови.

Воедно Mercedes најави дека нивниот официјален тјунер AMG веќе работи на создавањето на спортски хибрид кој ќе има можност за полнење на батериите со прикачување на редовната електрична мрежа.

Спортскиот хибрид треба да се појави на пазарот во 2012.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook