Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes SL фејслифт
22.01.2008
mercedes-sl-1.jpgОва се првите официјални фотографии од обновениот Mercedes SL кого до сега можевме да го видиме само сокриен под масивна камуфлажа,од која неможеа да се наѕрат најбитните детали.

Mercedes одлучи малку порано да ги пушти во оптег информациите за автомобилот пред неговото деби предвидено за салонот во Женева во март. Првиот поглед врз автомобилот изненадува. Еден од најелегантните автомобили се претворил во грдото пајче, или пак, ова е првичниот впечаток. Виткото тело на SL сеуште плени, но дефинитивно треба навикнување на предните светла кои се варијација на тема CLS.

Покрај новите предни светла, маска најголемите измени кај новиот SL се во задниот дел, пред се тука се мисли на големиот дифузор кој досега не можел да се види ниту на високоперформансната верзија од AMG.

Огромниот 6.0 литарски V12 и понатаму ќе продолжи да работи под хаубата на SL 65 AMG испорачувајќи до задните тркала масивни 612 коњски сили и камионски вртежен момент од максимални 1.000 Nm. Послабата верзија со AMG наставка во ознаката, SL 63 AMG, доаѓа со познатиот V8 кој остварува 525 коњски сили и вртежен момент од 630 Nm. И кај двете верзии моќноста до задните тркала се пренесува преку 7 степениот автоматски менувач SpeedShift MCT.

Секако на располагање се и послабите мотори почнувајќи од 3.5 литарскиот V6 со 272 коњски сили, па угоре. Интересно е што во Mercedes ја објавуваат и просечната потрошувачка за своите најрастрошни модели. Имено верзиите AMG во просек трошат по 15,1 литар бензин SL 65 и 13,9 литри SL 63. Единствено загрижените за животната средина негодуваат за емисијата на СО2 од 362 g/km и соодветно 330 g/km, но овие бројки се нормални. Што друго да се очекува од олку моќни мотори.

Цените сеуште се држат во тајност, но ако се оди по некоја аналогија, би требало да бидат слични на сегашните. Тоа значи дека кај нас, врвот на понудата SL 65 AMG би чинел околу 230.000 евра, додека за стартот, односно за SL 350 би требало да се одвојат малку помалку од 100.000 европски банкноти.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook