|
12.05.2008 |
Производителот од Штудгарт претстави лимитирана серија од
само 200 примероци на родстерот SL63 AMG која е изработена
како заеднички проект со швајцарскиот IWC.
Соработката меѓу Mercedes и
швајцарскиот производител на часовници IWC Schaffhausen го даде
овој уникатен SL63 AMG обоен во Кашмир Бела боја, со ентериер преслечен во кожа
со детали од карбон-фибер и перформансен пакет од AMG.
Пакетот се состои од леснометални бандажи во форма на
дупла петокрака со пречник од 19 инчи, помал спортски волан оздола зарамнет,
самоблокирачки диференцијал и карбон-керамички дискови. Додека моторот како и
кај стандардниот SL63 AMG на задната оска испорачува 525 коњски сили.
Врската меѓу Mercedes и IWC
Schaffhausen ја прави исто така лимитираната серија на рачниот
часовник на IWC, Grosser Ingenieur кој доаѓа како
поклон за секој купувач што ќе се одлучи да го купи SL63 AMG IWC.
|