|
Најстариот производител на автомобили во светот ги претставува своите планови за неверојатен раст во следните три години во кои треба да бидат претставени 20 комплетно нови модели и модернизации.

Одговорните во Mercedes одлучија да ја запознаат светската јавност дека имаат намера до крајот на 2014 да ја освежат комплетната гама и на клиентите да им понудат сосема нови модели. Бројката сега е зголемена за уште 4 модели и од претходните 16 и нараснува на 20 модели.
Нападот од новитети почнува годинава кога ќе биде претставена новата генерација на CLS. За следната 2011 се планирани фејслифт на C Класа, ново C Класа Coupe, нова генерација на SLK, нова генерација на ML и SLS AMG Roadster.
Тука не завршува приказната за 2011. В година на пазарот ќе се појави и нова генерација на A Класа и В Класа, но и комплетно нов SUV создаден на основата на B Класа кој ќе се нарекува BLK.
Во 2012 на пазарот треба да се појави нова генерација на Smart ForTwo, комби верзија на новиот Mercedes CLS, нова генерација на SL, електричната верзија на SLS AMG која ја носи наставката E-Cell.
Плановите велат дека во 2012 ќе се појави и сосема нов теренец поставен на основата на С Класа кој ќе ја носи ознаката GLC. Во 2014, пак, на пазарот ќе се појави нова генерација на С Класа.
Тука се и моделите како AMG B Класа, електричната верзија на Smart ForTwo и F-Cell A и B Класа и нова генерација на мотори за што веќе пишувавме. Целта на сето ова е зголемување на продажбата на преку 1.5 милиони возила во 2015 кога доаѓа и SLM.
|