|
01.07.2008 |
И Mercedes го следи примерот на Renault за производство
на електроавтомобил. Челниците во компанијата Daimler најавија
дека електрична А Класа ќе се појави во 2010.
Според инженерите на компанијата сегашната А Класа,
поточно сендвич конструкцијата на нејзината шасија со двоен под е исклучително
погодна за сместување на акумулаторите потребни за задвижување на еден
електричен автомобил.
Најважното е тоа што целата работа гледано конструкциски
може да се заврши без драстични измени во конструкцијата на автомобилот. Својата
А Класа, Mercedes ќе ја опремува со литиум-јонски батерии и за таа цел
производителот преговара со американската компанија Tesla за набавка
на новата генерација на овој тип на батерии кои имаат поголема моќност и воедно
се значително полесни од она што сега се нуди на пазарот.
|