|
19.10.2007 |
Mercedes во новата генерација на класа А и класа В ќе користи
четирицилиндрични мотори што беа развиени од страна на PSA Peugeot
и Citroen за Mini.
Извештајот исто така вели дека новата А класа всушност
целосно ќе биде заменета од B класа која ќе има различни верзии со три и пет
врати, малечок SUV, купе и кабриолет.
Истиот извештај кој доаѓа до германскиот неделник Auto
Bild вели дека новите модели се очекуваат во 2011 и дека единствениот договор
со конкурентскиот BMW и со францускиот PSA се
однесува само на моторите.
Исто така се споменува можноста Mercedes да дели
иста платформа со Fiat, но шансите за ова се мали, иако не се невозможни.
Шефот на Fiat, Серџо Маркионе објаснува дека само затоа што Mercedes склучува
договор со една странка не значи дека нема да склучи и со друга.
Единственото официјално известие од Mercedes е дека
компанијата е отворена за било каков договор кој има смисол од финансиска
гледна точка.
|