|
Најстариот производител на автомобили на светот одлучи да подготви сосема нов концепт на автомобил кој ќе носи централно поставен мотор кого ќе го краси блескавата сребрена ѕвезда на Mercedes.

Новиот модел на Mercedes треба да стои едно скалило подолу од најновиот суперспортист SLS AMG. Кај ова бебе од SLS AMG моторот треба да брмчи веднаш зад грб на возачот и совозачот, но тој нема да биде единствениот двигател што ќе се сокрива под ламарината.
Иако се најавува како нов концепт на Mercedes не му е првпат на светот да му прикажува модел со централно поставен мотор. Компанијата во `60. и `70. години од минатиот век работеше на експерименталниот С111.
Во средина на шасијата на С111 инженерите на Mercedes експериментираа со Ванкел мотор со директно вбризгување со три и четири комори кој остваруваше 370 КС и достигнуваше 290 km/h.
Потоа експериментот продолжи со 5 цилиндричен турбо дизел со 230 КС кој собори повеќе дизелски и бензински брзински рекорди и на крај дојде ред на турбо безинец V8 од 4.8 литри со четири ККК трубо полначи.
Автомобилот со турбо дизелот потпомогнат од неверојатно низок коефициент на отпор на воздух Cd 0.191 достигна 322 km/h во 1978 на патеката во Нардо и просек од 316 km/h за 12 часа возење. Турбо бензинецот пак следната 1979 постигна просечна брзина по круг од 403.78 km/h.
Меѓутоа по поставувањето на последниот рекорд одговорните во Mercedes одлучија да го згаснат проектот. Следен проект на спортист со центрлано поставен мотор беше С112 од 1991 претставен на салонот во Франкфурт.
Mercedes тогаш ги откри и плановите за сериско производство на С112 со 6.0 литарски V12, но откако го отвори списокот за нарачки и прими 700 депозити за старт на производството го откажа и овој проект.
Сега на ред е проектот кого го најавуват како SLM кај кого централно во шасијата ќе работи новата генерација на 3.5 литарскиот V6. Моторот ќе остварува 350 КС и ќе биде задолжен да ги врти задните тркала.
Предните исто така ќе бидат во погон, но нив ќе ги задвижуваат два електрични мотори по принцип на електричниот SLS AMG E-Cell. Mercedes планира да го претстави SLM кон крајот на 2015.
Да се надеваме дека конечно Mercedes нема да се откаже од автомобил со централно поставен мотор и дека на пазарот ќе го прикаже SLM кој кога ќе пристигне ќе чини од 130.000 евра па угоре.
Mercedes С111
Mercedes C112
|