Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes со три цилиндри
24.06.2009
mercedes-c-klasa-1.jpgMercedes на големо крои планови за следната генерација на својата С Класа која во иднина ќе вози во светот на штедливците со хибриден погон, но и со штедливи трубо мотори со три цилиндри како дел од понудата.

Без оглед што му припаѓа на сегментот на производител на луксузни автомобили Mercedes сака своите клиенти да ги насочи кон поефикасни, позелени автомобили подигнувајќи ја свеста за зачувување на животната срединa кои на крај би требало да бидат задоволни како од луксузот така и од ниските сметки за гориво.

Решението доаѓа во форма на хибриди и во форма на смалување на моторите и вградување турбо полначи. Истото решение ќе го применува и неговиот најголем соперник BMW па затоа правецот во кој оди Mercedes со новата генерација на автомобили е јасен.

Производителот од Штудгард како ас во ракав го има и својот DiesOtto мотор кој како прототип работи веќе подолго време и во луксузниот седан S Класа остварува просечна потрошувачка од 6,0 литри на 100 километри.

Понатаму во игра е и S400 Hybrid, но и хибридна верзија на теренецот ML. Станува збор за ML450 Hybrid која треба да се појави наскоро. Но, ова е само вовед во драстичните планови за штедење што ги крои Mercedes за својата нова генерација на автомобили.

Шефот на одделот за развој и дизајн на Mercedes, Томас Вебер, открива дека до 2012 комплетната гама на Mercedes ќе се нуди со хибридни верзии кои клиентите ќе можат да одберат ги одберат како опција.

Клиентите исто така ќе можат да изберат мотори со три цилиндри за некои од моделите на Mercedes истакнува Вебер заклучувајќи дека моторите со три цилиндри ќе бидат значително полесни од актуелните четири цилиндерци на компанијата и ќе трошат многу помалку гориво.

Вебер исто така открива дека во моментот Mercedes е во потрага по партнер со кого ќе ги разива моторите со три цилиндри и дека дел од моделите во кои ќе се вградуваат тие со Smart ForTwo, A класа, В Класа и следната генерација на С Класа.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook