Сребрената ѕвезда на големо се подготвува да заблеска на салонот
за автомобили во Детроит. И додека некои се откажуваат во Mercedes
подготвуваат три нови еколошки модели.
Моделите ќе бидат поставени на платформата врз која почива В Класа и според најавуваната техника што ќе се вградува во нив ќе бидат
ултра чисти. Секако нивната зелена технологија се огледува и во дизајнот.
Првиот модел е наречен BlueZero E-Cell. Станува
збор за електричен автомобил кого го задвижува електромотор со моќност од 100 kW или 136
коњски сили и максимален вртежен момент од 320 Nm. Моторот
енергијата ја добива од литиум-јонски батерии.
Со полнење на батериите од само 2 часа BlueZero
E-Cell ќе може да мине 100 km. Автономија е многу мала, но во Mercedes ја бранат
со фактот што се работи за исклучиво градски автомобил.
BlueZero E-Cell е предвиден да биде втори или трет
автомобил. Сите оние што ќе сакаат да возат надвор од границите на градот ќе
можат да одберат еден од преостанатите два модели BlueZero E-Cell
Plus и Blue Zero F-Cell.
BlueZero E-Cell Plus ја користи истата
техника како и BlueZero E-Cell. Значи литиум-јонски батерии и
електромотор од 100 kW. Меѓутоа предноста на BlueZero E-Cell
Plus е што под хаубата сокрива и мотор со внатрешно согорување.
Станува збор за познатиот три цилиндричен турбо бензинец
кој се вградува во Smart и кој во BlueZero E-Cell Plus служи како
генератор. Негова еднинствена намена е да произведува струја со која се полнат
литиум-јонските батери кои пак го задвижуваат електромоторот.
На овој начин автономијата на BlueZero E-Cell
Plus се развлекува на одлични 600 km. Еквивалент на
автомобилите со класичен бензински мотор.
Третиот зелен автомобил е Blue Zero F-Cell. И него го
задвижува истиот електричен мотор со моќност од 100 kW и вртежен
момент од 320 Nm. Разликата во однос на Blue Zero Е-Cell и Blue
Zero Е-Cell Plus е што потребната енергија за задвижување на
електромоторот се добива од горивни ќелии.
Покрај новата технологија со концептите BlueZero, Mercedes, стихијно го најавува и дизајнот на новата В Класа која
се очекува да пристигне во 2010.
|