Get Adobe Flash player
Mercedes во поддршка на Нелсон Мандела
02.07.2008
mandela-46664-1.jpgПо повод 90 роденден на Нелсон Мандела во петокот во Хајд Парк во Лондон целата светска музичка сцена се собра на едно место и го одржа концертот насловен 46664.

Овој уникатен музички настан беше организиран со цел да се зголеми фондот на кампањата на Мандела 46664 за борба против чумата на современиот свет ХИВ/СИДА.

Mercedes го поддржа овој настан, поклонувајќи му на Мандела еден несекојдневен подарок кој ќе биде продаден на аукција,а парите ќе бидат искористени за финансирање на кампањата.

Несекојдневниот подарок всушност е Mercedes C350 обоен во бела боја и потпишан од сите музички ѕвезди што учествувале на концертот, но и од интернационалните големи спортски имиња. Така врз лакот на С 350 се најдоа и потписите на Луис Хамилтон и Борис Бекер, но и на контроверзната пејачка Еми Вајнхаус, потоа Леона Луис, Ени Ленокс, членовите на бендот Simple Minds и низа други.

Подпретседателот на одделот за комуникации на Mercedes патнички возила, Др. Олаф Готен по повод поддршката на Mercedes на овој важен настан истакна: „Особена чест е да се поддржи една јавна личност како Нелсон Мандела кој инспирира луѓе од најразлични генерации и е поборник во борбата против сидата”.


 

 

 

Facebook