|
11.12.2007 |
По завршувањето на сите преговори помеѓу Mercedes
и Fiat за развој на заедничка платформа се раширија гласини
дека компанијата од Штудгарт преговара со сопствениците на Aston
Martin.
Ваквите гласини не се нешто ново. Имено претходно се
зборуваше за развој на заедничка платфрома и на заеднички мотори, но последните
преговори се околу заеднички инвестициски можности.
Еден дневен весник во Кувајт, al Qabas пренесува
дека официјални лица од Mercedes веќе ја посетиле кувајтската инвестициска фирма Investment
Dar која поседува 50 проценти од Aston Martin.
Според весникот разговор е воден за заеднички
инвестициски можности и дека наскоро се очекува делегација на Aston
Martin да ја посети централата на Mercedes во Штудгарт.
|